12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Светска Здравствена Организација/WHO.int / printscreen
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

СЗО: Омикрон е опасен вирус, се шири со брзина каква светот досега невидел

Сојот на коронавирусот – омикрон, кој се шири со брзина каква што светот не ја видел од почетокот на пандемијата, останува опасен вирус иако предизвикува поблаги симптоми, изјави генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејсус.

„Иако омикрон предизвикува поблаги симптоми од делта (доминантната варијанта досега), тој останува опасен вирус, особено за оние што не биле вакцинирани“, рече Гебрејсус за новинарите.

Омикрон, кој првпат беше идентификуван во јужниот дел на Африка на крајот на ноември 2021 година, се прошири во целиот свет и огромен број луѓе се заразени со овој вид.

„Повеќе пренос на вирусот, значи повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучително наставници и здравствени работници. Исто така, постои опасност од нов вид, кој може да биде попренослив и смртоносен од омикрон“, предупреди генералниот секретар на СЗО.

Друг претставник на организацијата, Мајкл Рајан, на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот не е лесна болест, туку болест што може да се спречи со вакцини.

Спонзорирано: