16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Талибанците им забранија на жените да патуваат без придружба

Во Франција денеска се регистрирани рекордни 104.611 нови случаи на коронавирус, што е првпат од почетокот на пандемијата да се регистрираат над 100.000 нови случаи во оваа земја.

Според здравствените власти, бројот на пациенти со Ковид на интензивна нега се зголемил за 28 на 3.282.

Портпаролот на француската влада Габриел Атал изјави претходно оваа недела дека се очекува голем бран на новиот сој на коронавирус и најави можност за дополнителни мерки против епидемијата.

Властите повикаа на ограничено движење на граѓаните за Божиќ и Нова Година, додека огнометот и новогодишниот концерт на Елисејските полиња беа откажани во Париз.

Од почетокот на пандемијата во Франција, регистрирани се повеќе од 8,9 милиони случаи на коронавирус, додека 122.462 лица починале како резултат на оваа инфекција, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.