24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Одговорите на Русија можат да бидат најразлични

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека одговорите на Москва во случај САД и НАТО да одбијат да дадат безбедносни гаранции за Русија, би можеле да бидат најразновидни, во зависност од, како што истакна, предлозите на воените експерти.

„ Одговорот може да биде многу различен. Тоа зависи од предлогот што ќе ми го дадат нашите воени експерти“, изјави Путин за ТВ „Русија-1“.

Истовремено, тој додаде дека Русија ќе настојува да постигне позитивни резултати во преговорите за тоа прашање.

На годишната прес-конференција на 23 декември, Путин нагласи дека натамошното проширување на НАТО на исток е неприфатливо за Москва.

На 17 декември Русија објави нацрт-договори со САД и НАТО, кои вклучуваат непроширување на НАТО на исток, вклучувајќи ги и поранешните советски републики, како и нераспоредување на ракети со среден и долг дострел.