16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во Конго – најмалку седум жртви меѓу кои и две деца

Најмалку седум лица загинаа во ресторан во градот Бени, на истокот на Демократска Република Конго, каде денеска експлодираше бомба, а владиниот портпарол изјави дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец.

По експлозијата на бомбата, луѓето панично почнале да бегаат од центарот на градот во моментот кога завршувала божиќната миса.

Градоначалникот на Бенија, Нарсис Мутеба Кашала, кој е и полициски полковник, изјави дека меѓу жртвите има најмалку две деца, а преживеаните се префрлени во болница.