26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

„Омикрон сојот беснее во светот“

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ги повика Американците кои имаат намера да патуваат за време на празниците да добијат дополнителна доза од вакцината.

„Лесно преносливиот вид омикрон беснее низ светот, а патувањето ќе го зголеми ризикот од инфекција дури и кај вакцинираните“, изјави Фаучи за NBC.

Тој посочи дека нема сомнеж дека вирусот ќе се шири и дека сојот омикрон најверојатно ќе го надмине видот делта како доминантна варијанта во САД.

Од почетокот на месецот, и случаите на коронавирус и смртните случаи во Соединетите држави се зголемени за околу 50 отсто, а бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид е зголемен за 26 отсто.

Претседателот Џозеф Бајден планира да одржи прес-конференција во вторник, на која ќе се фокусира на новиот вид на корона вирусот кој брзо се шири, како и на плановите за борба против него.

Дел од планот на Бајден е да се фокусира на зголемено тестирање, рече Фаучи.

„Мораме да направиме да биде подобро. Мораме да имаме достапни тестови за секој што сака да се тестира“, рече Фаучи.

Видот Омикрон на корона вирусот досега е потврден во 43 од 50 американски држави и околу 90 земји низ Светот откако за прв пат беше откриен во Јужна Африка и Хонг Конг кон крајот на ноември. Засега во македонските лаборатории омикрон сојот не е регистриран, но затоа првите случаи се појавија во речиси целиот регион.