8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Франција најави тужба против Британија за правата за риболов

Француските власти денеска најавија дека ќе побараат од Европската Унија да поднесе тужба против Велика Британија.

Лондон и Париз со месеци се расправаат за правата за риболов.

По средбата меѓу францускиот претседател, Емануел Макрон, и претставниците на француските рибари, Париз соопшти дека ќе побара состанок меѓу партнерскиот совет ЕУ – Велика Британија, политичкото тело задолжено за прашањата по брегзитот.

Во срцето на спорот Париз – Лондон се британските риболовни дозволи.

Пред брегзитот, француските рибари можеа да ловат длабоко во британските води. Сега им треба посебна дозвола од владата во Лондон или од самоуправните британски територии за да ловат риба во одредени области.

Франција доби 93 отсто од лиценците што ги побара, но бара одобрување на уште 73 лиценци.

Спонзорирано: