23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Швајцарија од понеделник ги заострува мерките – работа од дома, ограничувања и на домашните собири

Швајцарија од понеделник ќе ги заостри рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Според најавите, од вработените ќе се бара да работат од дома, а влезот во затворени простории ќе биде ограничен.

Новите мерки, кои ќе бидат во сила до 24 јануари, ќе бараат доказ за вакцинација или за прележан вирус, за влез во затворени простории, вклучително и ресторани.

Посетителите на дискотеките и баровите ќе мора да испратат негативен тест на коронавирус бидејќи луѓето таму имаат помала веројатност да носат маски, пишува „Гардијан“.

Според новите мерки, луѓето ќе работат од дома, а приватните собири ќе бидат ограничени на десет лица доколку некој од присутните на возраст над 16 години не бил вакциниран или не се заразил од коронавирусот.

Швајцарската влада исто така објави дека нарачала седум милиони дози од компаниите „Модерна“ и „Фајзер/Бионтек“ за втората половина на 2022 година со цел да ги зголеми резервите на 34 милиони.

Повеќе од 1,1 милион случаи на коронавирус се регистрирани во Швајцарија од почетокот на пандемијата, а 11.951 лице починале, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.

Спонзорирано: