23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Загрижувачкиот сој е регистриран и во Австрија

Виролог од австриската провинција Тирол, Дороте фон Лар, изјави дека во Австрија е потврдено присуство на нов, омикрон сој на коронавирус.

Фон Лар изјави за ОРФ дека новиот вид, за кој некои научници велат дека е најлош, е докажан со секвенционирање и дека, покрај првиот случај, постои сомневање за инфекција со истиот вид кај 30 луѓе.

Властите во провинцијата Тирол пријавија случај на сомнителна инфекција со сој омикрон во саботата вечерта кај Австриец кој се вратил од патување во Африка. На виенскиот аеродром Швехат се врши детална контрола на патници од јужноафриканските земји. Во таа насока, припадниците на армијата го следат текот на патувањето, за да спречат некој да влезе во земјата, заобиколувајќи ја забраната за влез од земјите од Јужна Африка, која е на сила од петокот.

Во сила е забраната за слетување авиони од земјите од Јужна Африка, како и влез на патници од тие земји во Австрија. Во земјата можат да влезат само австриски државјани, но со негативен ПЦР тест и десетдневен карантин.