10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бил Гејтс повторно со прогнози: Пандемија ќе има до идното лето – потоа ќе падне на ниво на сезонски грип

Ко-основачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, изјави дека очекува бројот на луѓе кои умираат од коронавирус да се намали „значително“ бидејќи повеќе луѓе ќе бидат вакцинирани и ќе станат подостапни новите лекови, додавајки дека болеста ќе дојде до ниво на сезонски грип.

Американскиот милијардер беше интервјуиран за време на новиот економски форум на Блумберг и во таа прилика изјави дека бројот на починати и заразени од Ковид до средината на 2022 година би можел да го достигне нивото на сезонската грип, но под услов да не се појави нов вид, или мутација на вирусот објави Блумберг.

Како поткрепа на овие тврдења Гејтс посочи дека се повеќе луѓе развиваат природен имунитет, дека ќе има повеќе вакцини кои ќе станат подостапни а ке станат достапни и нови антивирусни лекови, наведува „Фокс бизнис“.

Спонзорирано: