21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бројките растат: 656 новозаразени, 13 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

· Направени се 3.597 тестирање, а регистрирани се 656 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 257, Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8, Струга – 6, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3.

· Регистрирани сe 273 оздравени пациент од: Скопје – 153, Куманово – 20, Кочани – 16, Прилеп – 14, Кавадараци – 12, Велес – 10, Битола, Штип и Крива Паланка – по 6, Тетово и Неготино – по 4, Делчево – 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по 1.

· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

· Направени се 3.597 тест преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-52,

ЦЈЗ Тетово–86, ЦЈЗ Куманово-54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–337, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-124, Биотек-166, Систина-64, лабораторија Лаор-110, Синлаб-15, Ремедика-26, Плодност–45, Генеа-7, Никоб лаб-250, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-46, Ројал Медика –18, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.510.

Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.

Спонзорирано: