23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Вирусот таму до вчера не постоел? Оваа држава го пријави својот прв случај на Ковида 19

Островската држава Тонга во јужниот дел на Пацификот го пријави својот прв случај на Ковид 19.

Ова поттикна илјадници островјани да бидат вакцинирани по предупредувањата за воведување затворање.

До саботата, Тонга беше една од ретките земји што досега нема пријавено ниту еден случај на инфекција со коронавирус, но премиерот на Тонга, Похива Тујонето, го потврди првиот откриен случај кај патник кој допатувал од Нов Зеланд, пренесува CNN.

Инфицираниот патник пристигнал во Тонга од Крајстчерч во Нов Зеланд, бил целосно вакциниран со две дози од вакцината и бил направен негативен тест во Нов Зеланд пред да полета авионот, соопшти Министерството за здравство на Нов Зеланд.

Подоцна било откриено дека патникот од Нов Зеланд бил заразен и веднаш бил испратен во контролирана изолација.

По веста за првиот позитивен случај, илјадници луѓе побрзаа во центрите за вакцинација за да се имунизираат, а министерката за здравство на Тонга Амелија Туипулоту потврди дека зголемениот број вакцинирани ќе ја зголеми вкупната стапка на имунизација во таа земја.