Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Герасимовски на Канал 5: Уверен сум дека во вториот круг ќе ни се приклучат и незадоволните членови и подджувачи

„Резултатите во првиот круг беа такви делумно поради тоа што дел од нашите членови, кои не излегоа во првиот круг се незадоволни поради одредени локални или централни политики. Затоа сум јас тука како ново лице, нов кандидат, да спроведувам подобри политики за граѓаните и во интерес на сите центарци“ кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Герасимовски на дебатата на „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека е убеден дека со неговата програма и чесна и посветена работа општина Центар ќе стане пример за работа за сите останати општини во градот Скопје и државата.

„Уверен сум и сметам дека во вториот круг ќе ни се приклучат и независните и незадоволните членови, бидејќи мојата програма нуди решенија за сите проблеми. Чесно и одговорно заедно со граѓаните ќе ги решаваме сите проблеми со кои се соочуваме. Сметам дека во вториот круг одам како фаворит и ќе бидам победник“ кажа Герасимовски.

Тој додаде дека е добро за демократското општество што општина Центар доби шаренолик совет бидејќи така ќе има повеќе различни мислења.

„Така ќе се носат квалитетни одлуки и преку повеќе дебати ќе бараме подобри и поквалитетни решенија за самите проекти и програми на центарци. Како иден градоначалник ќе имам можност заедно со различните партии и советници да носиме што поквалитетни одлуки за граѓаните на Центар“ кажа Герасимовски.

Спонзорирано: