20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои во моментов се во болница, има полицаец кој не бил на должност.

Напаѓачот е уапсен и идентификуван како 37-годишен Данец кој живеел во Конгсберг. Полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам.

По нападот, полициската управа им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската управа соопшти дека станува збор за мерка на претпазливост и „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени”.

Овој напад се случува десет години по терористичкиот напад во Норвешка, кога беа убиени 77 луѓе од ултрадесничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик. Тој прво активираше автомобил-бомба во Осло, каде уби осум луѓе, по што на островот Утоја отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организираше младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, главно тинејџери и млади луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

M T

Најмалку шестмина загинати а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

M T

Воз во САД излета од шините, три лица се загинати а најмалку 50 се повредени

M T

Се урна руски воен транспортен авион има најмалку четворица загинати

M T