12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Упадот во збор на Мицкоски не можеше да ја расипе јасноста и конкретноста на Заев

На телевизискиот дуел помеѓу лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев, претседател на СДСМ и премиер и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, низ долгата дебата на сите значајни теми во општеството, Заев покажа дека созреал како политичар, беше подготвен со аргументи, се обидуваше да биде искрен и постојано да се става на страната на народот. Мицкоски пак, мноу често не остануваше парламентарен и постојано се обидуваше да упадне во збор, едноставно покажа дека е подготвен да напаѓа со контрадикторни ставови, а и понатаму да ги користи човечките несреќи и пандемијата за политички поени.

Секој што го изгледа дуелот на Канал 5 од почеток до крај ќе забележи дека Мицкоски регираше многу бурно на фактите кои Заев настојуваше да и презентира пред целата македонска јавност, иако и претходно во мноу јавни настапи ги има истакнато, со олед на неовата достапност за медиумите.

Утринава има мноу анкети и коментари на социјалните мрежи во насока на тоа дека Заев бил подобар противник, а според многумина станало јасно дека граѓаните на престојните локални избори имаат прилика да изберат европска иднина, прогресивна држава, подобар стандард…

Освен напади кон Заев и неговите политики, од Мицкоски не чувме ниту еден конкретен предлог во која насока би одела државата доколку ја добие власта. Неговата желба за власт беше очигледна, исто како и отсуството на државничко размислување. Немаше одговор зошто не е поднесена интерпелација во парламентот за министерот Венко Филипче, но затоа користеше прилика да повторува дека се неопходни оставки, повторно одејќи против Уставот на државата. Заев пак, за трагедијата во Тетово напомена дека сите одоворни за пожарот ќе сносат одговорност и дека германските експерти не се тука затоа што државните институции се неспособни, туку за да има независна, експертска истрага, за да може целосно и точно да се откријат причините за несреќата. Токму тоа дека се ангажираат странци дава впечаток дека власта навистина сака да открие кој е одоворен за пожарот.

Мицкоски беше во постојан обид да теоретизира за сите прашања, но без јасна визија за идни решенија. Немаше јасна одбрана дека поттикнувал антиваксерство, иако тој лично се вакцинирал. Зборуваше против здравствените мерки, иако целиот свет и применува. На сите состојби во државата им ставаше негативна конотација, но истата вечер беше многупати демантиран и соочен со фактите.

На Мицкоски, со оглед дека потекнува од партија која владееше со режимски методи, му беше тешко да се спротивстави на аргументите за слобода, демократија, правда… нешто кое е драстично променето, а кое на граѓаните им носи посигурна и постабилна иднина.

Спонзорирано: