10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Формирана талибанската влада, нема ниту една жена

Талибанците назначија нови министри и со тоа го завршија формирањето влада во која нема жени, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.

Три недели по преземањето на власта во Авганистан, талибанците на 7 септември назначија дел од членовите на владата.

Министерски позиции добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.

Новиот премиер, Хасан Акунд, ја предводеше талибанската влада во последните неколку години од нивното владеење во Авганистан.