12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев на дуелот со Мицкоски: Актуелните градоначалници сработија повеќе за четири години отколку претходните за неколку мандати

„Ние сме влада која помогнала на општините и верува во општините. Актуелните градоначалници за еден мандат сработиле колку што претходните градоначалници спровеле во неколку мандати претходно“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на Канал 5.

„На престојните локални избори ќе победиме во бројот на градоначалници, ќе победиме во бројот на советнички места, во бројот на гласови во државата и во Градот Скопоје“ кажа премиерот Заев.

Премиерот додаде дека анкетите го покажуваат трендот за тоа какви се ставовите на граѓаните. Тој исто така кажа дека кандидатите за градоначалници на коалицијата на СДСМ се избрани според анкетите и истражувањата за ставовите на граѓаните.

„Ние го нудиме најдоброто за секоја општина и како кандидати за градоначалници и како кандидати за советници, но и најдобрите програми“ кажа Заев.

Тој додаде дека спроти коалицијата која е победничка стои коалиција наречена политички брак, која има спротивставени ставови по многу прашања.

„Тоа е неприродна коалциија и е со единствена политичка цел за доаѓање на власт“ кажа Заев.

Спонзорирано: