16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев кон Мицкоски: Направивте коалиција која е политички брак, која има спротивставени ставови по многу прашања

„Ние настапуваме со најбројната коалиција со 22 политички партии. Од другата страна на нашата победничка коалциија има коалиција која ја нарекуваме политички брак. Тоа не е единствена коалиција, има спротивставени ставови по многу прашања“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на дуелот на Канал 5.

„Тоа е неприродна коалициија со единствена цел, да се избори желбата да се биде власт. После 6 порази, седмиот пораз не в е причина да злоупотребувате трагедии и ставање се на една карта за да се спаси позицијата“ кажа премиерот Заев.

Тој додаде дека водејќи се по анкетите и истражувањата, СДСМ ги избра најдобрите кандидати за градоначалници и советници.

„На престојните локални избори ќе победиме во бројот на градоначалници, ќе победиме во бројот на советнички места, во бројот на гласови во државата и во Градот Скопоје“ кажа премиерот Заев.

Спонзорирано: