10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев кон Мицкоски: Зошто ги менувате ставовите кога ветивте дека ќе го признаете пописот?

Сите стручни служби и информатички експерти ги одвраќаат хакерските напади и успешно ги совладуваат, а и самиот попис ќе биде успешен, порача премиерот Зоран Заев во дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5 телевизија. Тој повтори дека власта прифатила се што барала опозицијата за да се спроведе оваа статистичка операција и, како што вели Заев, не е фер Мицкоски да ги менува ставовите околу тоа дали ќе ги прифати или не резултатите од пописот.

-Дури и смислевте теза, која мислите дека ќе ви помине дека СДСМ заедно со Левица сакала да го урниса пописот. Сите знаеме кој соработува со Левица и таквите националистички структури, токму вие ги повикавте за коалиција. Народот знае се, кажа Заев.

Тој повторно го праша Мицкоски зошто има недоверба во институциите и додаде дека граѓаните ќе направат паралела за одговорноста за пописот.

-Со податоците ќе имаме прецизност во креирањето на економските политики и ова е голема разлика меѓу оваа гарнитура и претходната на ВМРО-ДПМНЕ, ние можеме да спроведеме попис, заклучи Заев.

Спонзорирано: