16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев од дуелот: Разликата меѓу оваа гарнитура и минатата е дека ние можеме да спроведеме попис

Овојпат пописот ќе успее, затоа што бевме флексибилни и професионални, а и опозицијата повика да се учествува на пописот, истакна премиерот Зоран Заев на дуелот на Канал 5 телевизија. Тој кажа дека околу еден милион и сто илјади граѓани се попишани и тоа е гаранција дека пописот ќе заврши успешно.

-Благодарам до граѓаните, надлежните институции и попишувачите. Наспроти тврдењата на Мицкоски и опозицијата дека пописот ќе направи масовна зараза, гледаме дека тоа не се случува, па дури и од Левица кои презедоа активизам да се бојкотира, дури и тие зедоа учество во пописот, изјави Заев.

Тој додаде дека кога Христијан Мицкоски побарал одлагање на пописот тогаш бројките биле околу 24 на ден новозаразени, но опозицијата сакала пописот да се одложи, со цел сите граѓани заедно да учествуваат.

-Со податоците ќе имаме прецизност во креирањето на економските политики и ова е голема разлика меѓу оваа гарнитура и претходната на ВМРО-ДПМНЕ, ние можеме да спроведеме попис, заклучи Заев.

Спонзорирано: