7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Британија воведува дополнителна вакцина за луѓето постари од 50 години

Дополнителни вакцини против коронавирусот ќе им бидат понудени на луѓето над 50 години, корисници на старски домови и здравствени и социјални работници, објави британската владата.

Експертите веруваат дека вакцината на „Фајзер“/„Бионтек“ треба да се користи како бустер-доза за повеќе од 30 милиони луѓе и дека сигурно може да се даде како додаток на вообичаената вакцина против сезонскиот грип.

Сите лица со послаб имунитет и сите на возраст од 16 до 65 години, кои се изложени на ризик, исто така имаат право на дополнителна вакцина.

Третата доза проив коронавирусот е одобрена како безбедна и ефикасна кај вакцините на „Астра зенека“, „Фајзер“ и на „Модерна“.
Сепак, експертите ја избраа вакцината на „Фајзер“ бидејќи истражувањата покажуваат дека добро се поднесува и дејствува како засилувач.

Вакцината на „Фајзер“ може да биде трета доза за оние што претходно примиле две дози од „Астра зенека“. Доколку е потребно, вакцината на „Модерна“ може да се користи како алтернатива, но со половина доза како засилувач, откако испитувањата покажаа дека е ефикасна и со малку несакани ефекти.

Луѓето треба да ја примаат третата доза најмалку шест месеци по втората. По собирањето повеќе податоци, експертите планираат да размислат дали да понудат трета доза и за здрави луѓе под 50 години.