28.8 C
Скопје
27. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Песков: Путин е апсолутно здрав, во изолација е превентивно

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека претседателот Владимир Путин, кој од денеска е во самоизолација, е апсолутно здрав.

„Претседателот одлучи преку онлајн-врска да учествува на самитот на Шангајската организација за соработка и на ЦСТО бидејќи бил во контакт со заболени луѓе и не треба да ги става своите колеги во опасност“, рече Песков, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Тој изјави дека Путин некое време нема директно да присуствува на настани, но дека самоизолацијата нема да влијае на интензитетот на неговата работа онлајн.

Путин одлуката да оди во самоизолација ја потврди во телефонски разговор со претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, поради, како што нагласи, случаите на Ковид-21 во неговото опкружување.