17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СОСТОЈБАТА е ВЛОШЕНА: Актерката Шенон Доерти се бори со ТЕШКА БОЛЕСТ, а сега остави и ВОЗНЕМИРУВАЧКА порака

Актерката Шенон Доерти (50) минатата година дозна дека и се врати болеста, а новата објава на нејзиниот профил на Инстаграм ги вознемири нејзините следбеници.

– Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете? – напиша актерката која, според блиски извори, секој ден е се полошо.

Актерката, која обично споделува инспиративни цитати и фрази што ве поттикнуваат да размислите за животот, го привлече вниманието со оваа содржина, што ги натера многу нејзини обожаватели да помислат дека нејзиното здравје можеби е влошено.

Лошата вест ја потврди и извор близок до актерката, кој наведува дека Шенон е „подготвена да си замине“ и дека не се плаши од смртта.

– На човекот му е доста од борба со ветерници. Така и неа и се смачи да се бори со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е близу, бидејќи наодите се доста лоши и воопшто не ветуваат – рекол изворот.

Да потсетиме, Доерти успеа да го победи ракот на дојката во 2015 година, откако беше подложена на мастектомија и хемотерапија. Меѓутоа, во февруари 2020 година, таа беше поканета на програмата „Добро утро Америка“, каде рече дека повторно и била дијагностицирана болеста.

– Во ужас сум. Најмногу страдам поради мојот сопруг и мајка ми на кои им е многу тешко. Повторно имам рак, стадиум 4. Метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Се прашував многу пати: “Зошто јас?”, И тогаш си реков: “А зошто не и јас?” Тешко ми е – рече актерката.

– Се обидувам да го живеам секој ден како неверојатен, скапоцен подарок што сум го добила. Не сум сигурна дали сум подготвена да заминам – истакна актерката минатата година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Џафери изрази надеж за надминување на состојбата со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ

M T

Каква е состојбата во болниците по рекордните бројки на новозаразени?

CENTAR MKD