Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Од ланските 8, грозјето сега се откупува до 13 денари, Хоџа утре ќе ги посети лозарите кои најавија протест во Неготино

Утре во 9 часот министерот за земјоделство Аријанит Хоџа заедно со градоначалникот на Неготино ќе отидат на локација старо ФЕМ каде е најавен протест во врска со откупните цени на грозјето.

Министерот и градоначалникот сакаат да ги сретнат граѓаните кои ќе се појават на протестот за да ги информираат дека откупната цена на грозјето која лани изнесуваше 6-8 денари, сега изнесува 11-13 денари.

Владата ја активираше и дополнителната мерка од +2 денари по килограм, а за изнаоѓање на поволни решенија министерот и надлежните се во постојани консултации со здруженијата и со винариите.

Од Министерството за земјоделство брифираат дека ваквиот отворен пристап на разговори со сите засегнати страни без политички и партиски заднини може да донесе само подобро информирање и подобри услови за лозарите.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК