22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови на протестот против задолжителната вакцинација

Грчката полиција синоќа во центарот на Атина употреби солзавец и водени топови за да го разбие протестот против задолжителната вакцинација поради Ковид-19.

Приведени се над 40 лица.

Повеќе од 7.000 луѓе се собраа пред парламентот во центарот на Атина, а сличен протест имаше и минатиот месец.

Во Грција се целосно вакцинирани околу 5,7 милиони граѓани од 11 милиони жители, а анкетите покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат задолжителната вакцинација за одредени групи, како што се здравствените работници и лицата во домовите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Турската полиција со солзавец растера жени додека протестираа против насилство

M T

Талибанците со солзавец го растурија протестот на жените во Кабул

M T