12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската полиција со солзавец растера жени додека протестираа против насилство

Турската полиција употреби солзавец во Истанбул врз неколку стотици жени собрани на протест против насилството и повлекувањето на Турција од меѓународниот договор што ги штити жените.

Насобраните носеа транспарент со натпис „Ќе се бориме додека не го добиеме она што го сакаме“ и ги повикаа властите на претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја вратат земјата на меѓународниот договор познат како Истанбулска конвенција.

Конвенцијата беше усвоена од Советот на Европа во 2011 година и е механизам што воспоставува правно обврзувачки процедури со цел да се спречи насилство од сексистичка природа. Договорот беше потпишан во Истанбул.

Турција официјално го напушти меѓународниот договор во јули, а властите тогаш изјавија дека договорот може да ја поттикне хомосексуалноста и да го загрози традиционалното семејство.

Демонстрантите се обидоа да поминат низ полициските барикади, но тие возвратија со солзавец за да ја растераат толпата.

Собирот се одржа по повод Меѓународниот ден за борбата против насилството врз жените.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Талибанците со солзавец го растурија протестот на жените во Кабул

M T

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови на протестот против задолжителната вакцинација

M T