8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Во Црна Гора почна натпревар во лежење, наградата е 300 евра

Во Црна Гора во тек е десеттиот јубилеен натпревар во лежење.

Натпреварот се одржува во етно-селото Монтенегро во близина на Никшиќ, а првата награда е 300 евра.

За сите кои сакаат да се излежаваат и се добри во тоа – ова е натпревар за нив. Правилата на играта се едноставни, можете да правите сè: да слушате музика, да типкате на мобилен телефон, да спиете … сè, освен да станете.

Оваа година правилата се малку изменети, така што на учесниците ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.

Организаторите претходно годинава организираа натпревар во самоизолација наместо лежење поради коронавирусот. Сите учесници мораа да се придржуваат кон правилата што предвидуваа да останат сами во колиба и никаде да не одат, да ја одржуваат колибата чиста и да не користат телефон, телевизија, алкохол и тутун. Организаторите обезбедија храна за седум дена, а за најупорните, дури и подолго. Дозволени беа книги и цртање, а победникот тогаш доби награда од 300 евра.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Започна натпреварот во лежење. Победникот „носи дома“ многу пари

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Земјотрес од 4,1 степен ја погоди Црна Гора

M T

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

M T

Двајца битолчани нападнале полицајци на кошаркарски натпревар

M T

Прва објава на Дритан Абазовиќ откако стана премиер на Црна Гора

M T