20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земан: Ме прислушуваат моите служби

Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини сопствената тајна служба дека го прислушкувала, како и луѓе од неговата непосредна околина.

Земан за весникот „Блеск“ изјави дека премиерот Андреј Бабиќ му ветил дека надзорот и прислушувањето ќе престанат, но, како што изјави, тоа продолжува.

Чешкиот претседател тврди дека го прислушуваат кога разговара со вработените по телефон. Тој додаде дека за прислушкувањето дознал од извор од домашната разузнавачка служба БИС.

Како што се наведува, БИС мора да добие судско одобрување за да спроведе телефонски надзор.

Можеби ќе ве интересира

Њујорк го засили надзорот поради серијата напади од ајкула

M T

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

M T