20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Литванија и Полска подигаат ограда на границата со Белорусија

Литванија и Полска подигаат ограда долж границата со Белорусија за да го спречат приливот на мигранти, соопштија владите на овие земји.

Литванија објави дека ќе ја заврши оградата долга 508 километри на границата со Белорусија до септември следната година, со цел да ги запре мигрантите, за кои вели дека влегуваат во нејзината територија во рекорден број.

Литванија, Летонија и Полска забележаа голем пораст на илегални мигранти од Белорусија, обвинувајќи го Лукашенко дека ги користи како притисок врз Европската Унија за укинување на санкциите против него и неговата земја.

„Физичката бариера е клучна за да се одбраниме од хибридниот напад што белорускиот режим го спроведува против Литванија и ЕУ“, рече премиерката на Литванија, Ингрида Шимоните, цитирана од Ројтерс.

Оградата ќе биде висока три метри, зајакната со бодликава жица и ќе чини најмалку 152 милиони евра, објави владата на Вилнус.

Минатата недела, европските земји ја обвинија Белорусија за директен напад со испраќање илегални мигранти преку границата и плашејќи се од потенцијален бран бегалци од Авганистан, се согласија дека тие мора да ги зајакнат своите надворешни граници во иднина.

Досега годинава, најмалку 4.141 мигранти влегле во Литванија, земја со население од околу 2,8 милиони, според владините податоци.

Лукашенко најави дека повеќе нема да ги приведува мигрантите, поради санкциите што му ги воведоа западните земји по спорните претседателски избори минатата година и бруталното задушување на протестите што избија по нив.

Полска исто така ќе изгради ограда долж границата со Белорусија, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

„Нова цврста ограда, висока 2,5 метри, ќе биде изградена на границата со Белорусија“, објави тој на својот Твитер профил, пренесуваат агенциите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Украинската армија: И Белорусија ја нападна Украина

M T

Белорусија започна воени вежби во две фази

M T

Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница

M T

Најголемиот тунел за шверц на дрога откриен под границата на САД и Мексико

M T

Белорусија распоредува војници на границата со Украина, потврдиле белоруските вооружни сили

M T

Велика Британија ги прошири санкциите кон Русија и Белорусија

M T