9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пановски заради политиканство контра УНИЦЕФ и Сојузот на средношколци за наставата со физичко присуство

УНИЦЕФ и Сојузот на средношколци ја поздравија одлуката на Владата на Северна Македонија новата учебна година да започне со физичко присуство на учениците.Доктор Никола Пановски, кој често го истакнува своето мислење во однос на менаџирањето на корона-кризата, сепак се спротивстави на ваквата одлука.

Од Сојузот на средношколци повикаа дека крајно време е образованието да биде ставено на пиедестал над останатите општествени активности. Тие истовремено ги повикаа и средношколците да ги почитуваат здравствените протоколи како единствен и најдобар начин за заштита од КОВИД-19.

„Го поздравуваме повторното отворање на училиштата и ги повикуваме сите средношколци да ги почитуваат протоколите. Училиштата треба(ше) први да се отворат, а последни да се затворат“ велат од Сојузот на средношколци.

Дека училиштата имаат капацитет да ги следат протоколите за безбедност, како што напомена УНИЦЕФ, покажаа училиштата што отворија во минатата учебна година. Според УНИЦЕФ, ветувачки е и високиот процент на вакцинација помеѓу вработените во училиштата, кој сега е 62 отсто и продолжува да расте.

„Со соодветни засилени превентивни мерки во училиштата и навремено откривање и изолација на случаите и на нивните контакти, ризикот од пренос на КОВИД-19 во училиштата може да се контролира. Затоа, заедницата треба да го поддржи безбедното отворање на училиштата, а доколку ситуацијата се промени, затворањето на училиштата треба да се разгледа само како последна можност, кога нема други алтернативи“ изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Сепак, Пановски ја критикува оваа одлука и повика учениците да посетуваат физичка настанва на смени.

„Во услови на мирна состојба , без никаква контрола на границите, со овозможување свадби, прослави и концерти, дури и во затворен простор, се дозволи брзо ширење на оваа варијанта, иако се знаеше дека не чека попис, избори и почеток на училишна година. Сега им е тешко да кажат дека заради сведбите кои треаја до 16 август нема да ги отвориме училиштата. Јас лично би почнал со комбиниран модел, во смени на две недели“ изјави Пановски за „е-магазин“.

Спонзорирано: