24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Експлозија на заразата во Тетово: Изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти во тетовската болница и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите

Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите, соопшти МЗ предмалку.

На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје.

Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден. Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лича заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.