23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Србија: Скоро илјада новозаразени со коронавирус

Според официјалните податоци, во последните 24 часа, едно лице починало од последиците на коронавирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 7.152, објавено е на веб -страницата на Министерството за здравство covid19.rs.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 11.413 лица за коронавирус, од кои 983 се позитивни.

На респиратор има 23 пациенти.

Вкупно 823 лица се хоспитализирани.

Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 729.150 случаи на инфекција во Србија.

Стапката на смртност е 0,98 проценти.