Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОРвест

Корзото во Ѓорче Петров во завршна фаза

Општина Ѓорче Петров добива ново урбано јадро, нов јавен простор сместен во централниот дел од општината.

Во завршна фаза е корзото во Ѓорче Петров, капитален проект во дел финансиран и со средства од Светска Банка.

Станува збор за површина од 1.200 квадратни метри во кои се сместени пешачка зона, пристапна улица, изработени се два павиљони, изграден е амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи, а pредвидено е отворање и на кафулиња.

Насадени се 77 нови садници, а подобрени се и условите за наводнување преку поставување на систем капка по капка.

Во период што доаѓа предвидено е и поставување канделабри, изработка на фасадата на павиљоните и дополнително оплеменување на просторот со зеленило, со што овој простор и официјално ќе биде пуштен во употреба.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +