8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Соработник на Трамп обвинет за незаконско лобирање за ОАЕ

Том Барак (74), близок сојузник и советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, беше обвинет во вторникот за незаконско лобирање кај Трамп во име на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Барак е еден од тројцата мажи што се товарат дека дејствувале како нерегистрирани странски агенти и треба да биде изведен пред суд во државата Калифорнија.

„Барак, Метју Гримс (27) и Рашид Ал-Малик (43) се обвинети за дејствување и заговор за дејствување како агенти на ОАЕ меѓу април 2016 и април 2018 година“, се вели во соопштението.

Обвинението од седум точки ги товари за незаконски обид да ги унапредат интересите на ОАЕ по налог на високи функционери влијаејќи врз надворешнополитичките ставови на претседателската кампања на Трамп во 2016 година и по неговиот избор во Белата куќа, посочува американското Министерство за правда.

Барак, кој беше претседател на инаугуративниот комитет на Трамп во 2017 година, одделно се соочува со обвиненија за попречување на правдата и давање повеќе лажни изјави во разговор со федерални агенти во јуни 2019 година.

Лобирањето во име на странска влада не е само по себе кривично дело во САД, но оние што го прават тоа мора да се регистрираат како агенти на странска влада во американското Министерство за правда, според Законот за регистрација на странските агенти.

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

M T

Зеленски: Невозможно е Трамп да не видел кој е Путин

M T

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Доналд Трамп ја тужи американската влада за претресот

M T

Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

M T