13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче – Не може сите да страдаме оти некој не сака да се вакцинира

Пет нови случаи на заразни со Делта сојот на ковид -19 се регистрирани во последната недела, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тројца регистрирани се од Скопје и по еден случај од Тетово и Куманово, рече тој. Освен заразени од Делта сој(индиски сој) има и други мутации на вирусот, а спасот од сите е вакцинацијата, вели министерот за здравство.

Филипче рече дека се прават анализа колку од важните сектори досега се вакцинирани. Според податоците досега се вакцинирани 85 проценти од здравствените работници и околу 50 отсто од вработените во градинките и училиштата. Поголем опфат на вакцинирани граѓани има во поголемите градови, на пример во Битола и Охрид каде околу 40 отсто од граѓаните се вакцинирани, а во Скопје и Куманово околу една третина, рече Филипче. Тој вели дека ќе продолжат со досегашниот систем на вакцинација и дека има доволно вакцини.

„Но сето тоа не може да не заштити од нов бран, граѓаните треба да се свесни дека ако не сакаат да се вакцинираат има сериозно голема шанса да заболат од болест предизвикана од вирус која многу веројатно ќе ги смести во болница и многу е голема шансата да имаат компликации“, рече Филипче.

Министерот за здравство вели дека биле свесни дека во еден момент ќе се соочат со антивакцинална кампања. Се размислува да има и нови ограничувања од септември доколку се соочиме со нов бран, вели министерот и додава дека сепак не може сите да страдаат оти некој не сака да се вакцинира.

Спонзорирано: