16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стефан Васев: Јанушев осомничен за штета од 5 милиони евра, нема промена во криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Изјава на Стефан Васев од СДСМ:

Никаков нов концепт, никакви нови политики не може да понуди Христијан Мицкоски. Тој е опкружен со лица од режимот, лица кои се во судир со законите.

Еден од нив е и Игор Јанушев сегашен пратеник а до неодамна прв соработник на Мицкоски како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавката на кинеските автобуси.

Јанушев се сомничи дека го оштетил Буџетот за безмалку пет милиони евра, пари на граѓаните.

Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и кои се наоѓаат пред судовите.

Да потсетиме за истото кривично дело Злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, човек за кого има и пресуди од германски судови.

Криминал, деструкција, лажни вести и блокади, тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и ништо друго, но бегање од правдата нема, секој што се огрешил пред законите мора да сноси одговорност.

Можат да се пребојуваат со сите бои, но тоа нема да го сокрие фактот дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема никаква промена.

Тоа на граѓаните им е одамна јасно, затоа немаат доверба во политиките на Мицкоски, затоа одново ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори.

Со вакви криминални структури, со деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се соочат со нов пораз на претстојните избори.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Богоев: Мицкоски сака да направи штета и да ја врати државата назад, има проблем со прашањето за референдумот

M T

Украина: Им нанесовме голема штета на Русите на југот

M T

Штетата од руската инвазија на Украина достигнува 60 милијарди долари, велат од Светска банка

M T

Поранешниот американски потпретседател: Бајден ѝ направи повеќе штета на Америка од кој било претседател

M T

СДСМ: Арсовска со нејзиното неработење нанесува штета на скопјани и Скопје

M T

Скопјанец осомничен во Прилеп за недозволена трговија со над 45 килограми марихуана помешана со тутун

M T