3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воена состојба на улиците во Јужна Африка: војската реагира, убиено и бебе

Најмалку седум лица се убиени и неколку стотици уапсени во текот на нередите што избувнале во Јужна Африка по апсењето на некогашниот претседател Џејкоб Зума.

Во обид да ги сопрат насилствата јужноафриканските власти распоредија војска на улиците на градовите во кои забележале најчести нереди, но и покрај тоа, во текот на денот беа палени продавници и станбени згради.

Меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, кое било погодено од заталкан куршум во главата, и маж што искрвавил од рана направена од нож.

Во клиниките, јавуваат локалните медиуми, владее хаос бидејќи демонстрантите постојано се обидуваат да упаднат во просториите во кои се наоѓаат повредените.

Во текот на една недела насилства полицијата не успеала да ги сопре протестите, кои во најголем број случаи завршувале со грабеж или со уништување имот. Јужноафриканските медиуми јавуваат дека се блокирани раскрсници, како и дека на тие места горат камиони.

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, Џејкоб Зума, минатата недела ѝ се предал на полицијата и ќе издржи казна затвор од 15 месеци поради непочитување на судот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Првите мерки на Унгарија по воведувањето на вонредната состојба

M T

Украина прогласи воена состојба, експлозии се слушаат низ целата земја

M T