20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Украина прогласи воена состојба, експлозии се слушаат низ целата земја

Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот Володомир Зеленски за воведување воена состојба на територијата на целата земја, пренесоа украинските медиуми.

Зеленски утрово објави дека прогласува воена состојба, откако претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди специјална воена операција во Донбас.

Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушаат во повеќе градови во земјата.

Експлозии се слушаат во Киев, Краматорск, Одеса, Харков и Бердјанск, јавува украинската агенција УНИАН.

Украина денеска исто така го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, како причина наведувајќи го високот ризик по безбедноста, додека европскиот авијациски регулатор предупреди на опасностите за летање во граничните области на Русија и Белорусија, поради воените активности.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рано утринава во специјално обраќање до граѓаните на Русија изјави дека донел одлука за специјална воена операција во Донбас.

„Околностите бараат да преземеме решителна и итна акција. Народните републики во Донбас ѝ се обратија на Русија со барање за помош. Во оваа насока, во согласност со член 51, дел 7 од Повелбата на ОН, со одобрение на Советот на Федерацијата и во согласност со договорите за пријателство и взаемна помош со ДНР и ЛНР, решив да биде спроведена специјална воена операција“, рече Путин во телевизиско обраќање до граѓаните на Русија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T