15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови 4 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.760 тестирање, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје и Тетово – по 2.

Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Велес и Кичево – по 2, Битола и Свети Николе – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 2.760 тестови преку: ИЈЗ-56, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-3, Институт за микробиологија–22, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-217, Биотек-127, Систина-52, лабораторија Лаор-269, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–54, Генеа–9, Никоб лаб-500, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1232.

Досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.

Спонзорирано: