8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Америка да се казни самата себеси поради Југославија, потоа да зборува за закон, порача Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Соединетите Американски Држави, пред да го изговорат зборот „закон“, прво мора да воведат санкции врз себе поради Југославија и Ирак, како и поради убиените ширум светот.

„Од кога САД започнаа да живеат според законот? Начинот на кој тие работат во Организацијата за забрана на хемиско оружје не потпаѓа под ниту еден закон – тоа е целосно беззаконие. Прво, нека се казнуваат и санкционираат за Југославија и Ирак , за милионите убиени и осакатени, тогаш тие можат да го кажат зборот „закон“ “, напиша Захарова на „Телеграм“.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, претходно изјави дека неодамнешната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, во Женева, не донесе никакви промени во политиката на санкциите на Вашингтон против Русија.

Според неа, законот предвидува Белата куќа да продолжи да ги разгледува ограничувањата во врска со употребата на хемиско оружје.

САД ќе продолжат да воведуваат санкции кон руски компании и организации кои учествуваат во проектот „Северен поток 2“, објави вчера Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател.

Тој исто така рече дека Соединетите Американски Држави ќе воведат дополнителни санкции кон Русија за третманот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, веднаш штом „ги утврдат вистинските цели“.

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T

111 санкции за брзо возење

M T