3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Москва драматична ситуација поради вирусот, работниците мора да се вакцинирaат што побргу

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска предупреди дека ситуацијата со коронавирусот во руската престолнина е драматична.

Собјанин изјави дека во болниците има повеќе од 12.000 пациенти и дека бројот на новозаболени е на ниво на пиковите од претходните бранови на епидемијата, пренесува „РИА новости“.

Во изминатите 24 часа во Русија биле потврдени 13.397 нови случаи на Ковид-19, со најмногу новозаразени во Москва – 5.782.

Претходно, поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус, Собјанин прогласи неработни денови во главниот град на Русија од 15 до 19 јуни.

Како што пренесува РТ, Москва во моментот е првиот град во светот со задолжителна вакцинација не само за здравствените работници туку и за вработените во други индустрии.

Шефицата на московскиот оддел на Руската служба за заштита на јавното здравје и правата на потрошувачите (Роспотребнадзор), Елена Андреева, им постави на раководните организации задача да вакцинираат 60 проценти од вработените што е можно побргу.

Таа прецизира дека вработените треба да ја примат првата доза вакцина до 15 јули, а втората до 15 август, пренесува „РИА новости“.

Ова првенствено се однесува на вработените во услужниот сектор, трговијата, угостителството, транспортот, здравството, домувањето и комуналните услуги, образованието и културата.

Спонзорирано: