17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Грција ја помести старосната граница за децата за влез во земјата без ПЦР-тест

Грција одлучи да ја помести возрасната граница за децата на кои им е дозволено да влезат во земјата без ПЦР-тест, за една година, така што тоа сега важи за деца на возраст до шест години.

До крајот на јуни се очекува во Грција без ПЦР-тест да може да влегуваат децата до 12 години.

Во земјата може да се влезе со доказ дека сте прележале Ковид-19, односно со зачуван позитивен ПЦР-тест или тест за антитела, под услов да поминале најмалку два месеца од дијагностицирањето на болеста и не повеќе од девет месеци од дијагностицирањето на болеста.

Исто така, може да се влезе со сертификат за вакцинација, а потребно е да поминат најмалку 14 дена од ревакцинацијата.

Спонзорирано: