10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Експлозија во фабрика за муниција во Чачак, евакуирани работници и граѓани

Во Чачак ноќеска околу еден часот се случила експлозија во компанијата А.Д. „Слобода“ во делот каде се произведува муниција.

Од силните детонации градот се „тресел’“ скоро два часа.

Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета, а според неофицијални податоци експлодирал магацин за топовски гранати.

Според очевидци и локалното население кое живее недалеку од фабриката, пожарот започнал да се шири со молскавична брзина.

Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ, изјави дека нема жртви и повредени. Тој вели дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2,30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се засолниле во подрум од фабриката.

„Детонациите се случија во складиштето за муниција. Добро е што експлозијата и пожарот не се случија во производствените сали”, рече Тодоровиќ.

„Слобода“ е дел од наменската индустрија на Србија и произведува муниција.

Ова не е прв пат да се случуваат инциденти во таа фабрика.

Во експлозија во 2010 година беше повреден еден работник, а три години подоцна двајца вработени беа повредени во експлозија во производната линија.

Спонзорирано: