21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 9 болни, а во Куманово 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти, во Прилеп 6, во ковид-центарот во Гостивар 3, а во Струга 4 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 6 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти, информира МЗ.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Спонзорирано: