Centar.mk
КУЛТУРА

ДПМ со конкурс за најдобра песна на „Празникот на липите“

Друштвото на писатели на Македонија го распишува традиционалниот Конкурс за најдобра необјавена песна на манифестацијата „Празник на липите 2021“ кој ќе биде отворен до 25 јуни.

Се покануваат членовите на ДПМ да испратат своја песна за конкурсот на електронската адреса prazniknalipite@gmail или по поштенски пат, на адресата на Друштвото на писатели на Македонија – Максим Горки 18, 1000 Скопје, и тоа во четири примероци.

Исто така, како и минатата година, по своја желба и доколку се во можност, да испратат видео-записи од сопствената интерпретација на песните, за да може пријавените песни да бидат објавувани во електронските медиуми во текот на конкурсот.

Манифестацијата „Празник на липите 2021“ се планира да се одржи на почетокот на следниот месец, според протоколите за одржување настани во време на пандемија.

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК