21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Најтешкото помина, вакцината е најсилното оружје против вирусот – да ја победиме кризата

Министерот за здравство, Венко Филипче преку видео порака на социјалната мрежа Фејсбук рече дека вирусот стивнува по трите бранови.

-Ова ме охрабрува и ми дава надеж дека најтешкото помина, а ние го имаме најсилното оружје за борба против вирусот, вакцината. Имунизацијата против Ковид е во тек, а количините на вакцини постојано се надополнуваат. Досега ги заштитивме здравствените работници, вработените во ризичните категории и голем дел од возрасните сограѓани, а во моментот се одвива масовна вакцинација на населнието, рече Филипче додавајќи дека само со масовна имунизација може да се спасат човечки животи и ќе се стави крај на кризата.

Вакцинацијата, вели министерот, е единствен начин да го вратиме животот онаков каков што го знаевме пред пандемијата.

-Да ги вратиме сите убави нешта кои запреа, дружбите, концертите, забавите. Колку побрзо и повеќе граѓани се вакцинираат толку побрзо повторно ќе ги прославуваме поводите за радост, родедените на саканите, свадбите на блиските, големите животни достигнувања. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрниме нашите блиски, родители, баби, дедовци и пријатели, рече Филипче.

Спонзорирано: