12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во ладилниците од 5 на 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици за спроведување на вакцинацијата.

Оваа препорака се однесува само на неотворените шишенца, објаснува ЕМА.

Европскиот регулатор ја издаде својата препорака врз основа на дополнителни студии за стабилност на вакцините, поднесени од двете партнерски компании.

Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од 2 до 8 Целзиусови степени до две недели наместо вообичаените од минус 80 до минус 60 Целзиусови степени.

Спонзорирано: