10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Украина ја претвораат во антирусија

„Тие се обидуваат да ја претворат Украина во антипод на Русија, во некој вид антирусија, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

Тој додаде дека Западот ја поддржува чистката на политичката сцена што почна во Украина.

„Очигледно е, и тоа е тажно, што полека но сигурно ја претвораат Украина во некаков си антипод на Русија, во некаква си антирусија, во платформа од чија територија постојано, очигледно, ќе добиваме вести за кои ќе биде потребно посебно внимание од аспект на обезбедување на безбедноста“, рече Путин отворајќи ја седницата со членовите на Советот за безбедност на Русија.

„Сега има очигледна чистка на политичката сцена. Националните медиуми се затвораат. И, ништо, нашите западни партнери воопшто не реагираат, а камоли да поддржуваат такви одлуки“, истакна Путин.

Рускиот претседател го коментира и фактот дека властите во Киев го ставија опозицискиот политичар Виктор Медведчук во домашен притвор,ж под обвинение за велепредавство.

Тој посочи дека некои претставници на украинското раководство со години мирно соработуваат со Русија вклучувајќи го и Крим, а за тоа се обвинуваат претставниците на опозицијата.

Спонзорирано: