Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет Во тренд...

Повеќе од 153 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус

фото Pixabay / илустрација

Повеќе од 153 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот.

Најмалку 3.214.644 луѓе починале од коронавирус во светот, додека над 153.403.380 биле заразени, јави агенцијата „Франс прес“ за новиот биланс.

Во последните извештаи, најмногу смртни случаи имало во Индија 3.449, Бразил 983 и Аргентина 540 лица. Соединетите Американски Држави се најпогодени од аспект на смртни случаи и инфекции, со 577.500 жртви . После САД, најтешко беше погоден Бразил со 408.622 жртви и 14.779.529 заразени, Индија со 222.408 жртви (20.2282.833 заразени), Мексико со 217.345 смртни случаи (2.349.900 заразени) и Велика Британија со 127.539 смртни случаи (4.421,850 заразени).

Европа има 1.076.355 жртви и 50.749.731 заразено, Латинска Америка и Карибите имаат 929.714 жртви (29.121.265 заразени), САД и Канада 601.819 жртви, Азија 351.317 жртви (27.308.392 заразени), Средниот исток 131.824 жртви (7.877.860 инфицирани) , Африка 122.556 жртви (4.582.649 заразени) и Океанија 1.059 жртви (43.533 заразени).