15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Во Германија протест против законот за корона-мерки

Денеска се собраа демонстранти пред германскиот Бундестаг протестирајќи против законот што ќе ѝ даде на федералната држава можност да наметне „заклучување“ на делови од земјата каде што се зголемува стапката на заразеност со Ковид-19.

Канцеларката Ангела Меркел одлучи да донесе нов закон со кој овластувањето за воведување епидемиолошки мерки треба да се пренесе од покраините во сојузната држава.

На протестите пред Бундестагот се очекуваат илјадници учесници.

Утрото, стотици луѓе се собраа со транспаренти во кои повикуваа на почитување на слободите.

Тие се спротивставуваат на какви било нови ограничувања на слободите, кои предвидуваат епидемиолошки мерки.