Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Постапка против гостиварец кој злоупотребил туѓи податоци за лажни профили на „Инстаграм“

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 26-годишник од селото Врапчиште, поради злоупотреба на лични податоци.

„Обвинетиот, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица. Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно име на социјалната мрежа ‘Инстаграм’ и на тие профили ставил лични податоци и фотографии од оштетените, со цел да им наштети на нивните чест и углед​“, велат од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК